Путин: Доколку продолжат терористичките напади, одговорот ќе биде остар

Од:

Владимир Путин повторно ја обвини Украина за нападот на Крим, велејќи дека тоа е „терористички чин“. Рускиот претседател понатаму тврди дека Украина „се обидела да го крене во воздух“ гасоводот Турски тек.

„Доколку нападите врз Русија продолжат, одговорот ќе биде остар. Одговорите ќе бидат со ист размер како и заканите против Русија. Во случај на понатамошни обиди за извршување терористички акции на наша територија, одговорот на Русија ќе биде остар“, кажа.

Путин ја даде изјавата на состанокот на Советот за безбедност.

Тој призна дека „ракетите со долг дострел“ биле насочени кон енергетските, воените и комуникациските објекти на Украина во координиран напад.

Би можело да ве интересира

Путин: Русија ќе разговара за мирот во Украина само со легитимните лидери во Киев

Ројтерс: Путин е подготвен да стави крај на војната во Украина, но има услов за тоа

Контрамерка на Путин: Дозволи користење на американскиот имот како обештетување за Русија

ВИДЕО: Русија почна вежби со тактичко нуклеарно оружје

ВИДЕО: Војната во Украина е во брутална фаза

Катерина Ѓуровски

Русите зазедоа уште едно село во Луганската област