Новак Ѓоковиќ синоќа во седмата средба во Лејвер купот го совлада Френсис Тиафо со 2:0 во сетови, 6:1, 6:3 во гемови.
По мечот, српскиот тенисер се поздрави од противникот на мрежата, по што замина во противничкиот простор каде истото го направи и со сите членови на тимот на светот.
Level up.@DjokerNole claims two pivotal points for Team Europe.#LaverCup pic.twitter.com/9cWBf7hcQt
— Laver Cup (@LaverCup) September 24, 2022
Тој се поздрави речиси со сите, а се зборува и за реакцијата на Американецот Томи Пол, кој се сврте кога требаше да се поздрави со Новак.
На видеото се гледа дека Ѓоковиќ по поздравувањето со Тиафо оди на клупата на екипата на светот каде се ракува со Мекинро, а потоа и со сите останати членови.
Реакцијата на Томи Пол ги обиколи социјалните мрежи, многумина ова го гледаат како непочитување кон српскиот тенисер.