На 31.8.2022 околу 2.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреда од дијабола бил донесен В.Р.(63) од Скопје.
Според пријавеното, на 30.8.2022 околу 17.30 часот на работното место како обезбедување во приватна фирма на територија на н.Пинтија почувствувал болка во ногата, по што бил пренесен во болницата. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.