Колеги обезбедувачи во скопско училиште се тепале на 1 април

Од:

Двајца обезбедувачи вработени на обезбедување училиште во скопската населба Автокоманда вчера се пресметувале со тупаници во училиштето, а причина за тепачката, според полицијата било „меѓусебно недоразбирање“.

„На 01.04.2021 во 12.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во училиште во Автокоманда, поради меѓусебно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.В.(53) и Ј.А.(32), двајцата вработени како обезбедување,“ се вели во соопштението од МВР.

„Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир,“ се додава во полицискиот билтен во врска со случајот.

Би можело да ве интересира

Двајца Срби, едниот малолетник, повредени во сообраќајка кај Неготино

32-годишен скопјанец пронајден мртов во семејниот дом

Татко и двајца синови крвнички тепале соселанец во Батинци

А1он

(ВИДЕО) Тепачка во Советот на Општина Кочани

Горан Наумовски

Во Скопје попладнево пороен дожд, ветер и грмотевици

Мртва жена е пронајдена во нејзиниот дом во Скопје