Борел: ЕУ ќе продолжи да ѝ пружа помош на Украина, иако резервите оружје се сè помалку

Од:

Ситуацијата во Украина, половина година по нападот од Русија не се подобрува, a Европската Унија ќе продолжи да ѝ пружа помош на земјата, иако резервите оружје во земјите членки се намалуваат. Ова денеска го изјави шефот на европската дипломатија Жозеп Борел на состанокот на министри за одбрана од земјите во Европската Унија во Прага, пренесе Бета.

– На Украина потребна ѝ е нашата помош и ние ќе ја дадеме. Темата за војната во Украина за мене е најважниот дел од состанокот. Се надевам дека министрите денеска ќе дадат зелено светло за мисијата за обука, подвлече Борел.

Покрај одлуката за мисија за обука на украински војници во земјите-членки, денеска ќе се разгледува и понатамошна испорака на оружје за Украина, иако нагласено е дека резервите оружје во ЕУ се сè помалку.

Обука за украински војници на своја територија денеска понуди Словачка, а нејзиниот министер за одбрана, Јарослав Наѓ, потсети дека земјата, како и Чешка, тоа го понудиле уште пред година дена.

– Таа идеја за мисија за обука е стара. Ја разгледувавме уште пред да почне војната, додаде Борел.

Според чешката министерка за одбрана, Јана Чернохова, најважната тема на неформалниот состанок на министрите е руската агресија во Украина.

– Следна тема е ситуацијата во Африка и на други региони што Русија настојува да ги дестабилизира, истакна Чернохова.

Според експерти, еден од регионите надвор од ЕУ, што Русија активно настојува да го дестабилизира, е Западен Балкан.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски