Здружението на јавните обвинители остро реагира на отвореното писмо од Вилма Русковска

Од:

Здружението на јавните обвинители на Република Македонија остро реагира на отвореното писмо од јавниот обвинител Вилма Русковска упатено синоќа преку медиумите до странски амбасади и меѓународни организации.

„Како професионално здружение, со зачуденост го проследивме дописот за кој сметаме дека го нарушува угледот на јавнообвинителската функција и грубо го прекршува Етичкиот кодекс на јавните обвинители.

Имено, како јавни обвинители не гледаме ниту една причина за ваков драматичен полноќен повик до меѓународни институции и дипломати, особено што ниту обвинителката Русковска, ниту останатите обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во ниту еден момент не биле спречени самостојно да водат истраги за предмети во нивна надлежност.

Меѓутоа, при постапувањето во предметите, и тие како и сите останати јавни обвинители мора да се водат од начелата на законитост и правичност. Освен тоа, Јавното обвинителство е засновано на принципите на хиерархија и субординација, што значи дека секој јавен обвинител за својата работа одговара пред повисокото обвинителство.

Ниту еден јавен обвинител не смее да се смета себе си за семоќен и да одбива контрола над постапувањето. Таквата контрола токму има за цел да се избегне незаконито постапување и самоволие, како и да се гарантира праведноста на постапката. Јавното обвинителство имало и има капацитети и институционални можности да ги преземе сите неопходни дејствија и апсолутно независно да одлучува во секој еден предмет, без притоа да има потреба од надзор од амбасади или меѓународни организации“, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Русковска која беше инструмент на власта во прогонот на неистомислениците и патриотите, сега има можност да ги признае сите злодела

(ВИДЕО) Русковска пред еден месец кажа дека има информации за нејзиното разрешување

Александар Тодески

Дисциплинската комисија бара разрешување на Вилма Русковска

Катерина Ѓуровски

Дисциплинска постапка против Русковска и уште две обвинителки

Ана Ололовска

Русковска за најавата за кривична од Рашковски: Од што да се плашам?

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Рашковски кривично ќе ја гони Русковска: Ќе докажеме како ја местела истрагата

Кристијан Ландов