Муареми со кривична против Русковска, Трајчева и Јосифовска за незаконскиот претрес во финансиска полиција

Од:

Кривична пријава против шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска и против обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска за незаконскиот претрес во Управата за финансиска полиција најави денеска директорот на Управата, Арафат Муареми. Кривината пријава против обвинителките е за злоупотреба на службена положба и овластување, за фалсификување службена исправа и за соизвршителство.

„Републичкото јавно обвинителство ги потврди сомнежите на Управата дека ОЈО ГОКК постапувало спротивно на одредбите од Законот за кривична постапка, односно пред судот дало лажни податоци дека Јавното обвинителство има основи на сомнение дека е сторено кривично дело, додека во списите од предметот има само анонимна кривична пријава, непоткрепена со ниту еден доказ или со други средства за да има основи за барање претрес на простории на државен орган и претрес на лице. Ние во старт знаевме дека се работи за блеф, за злоупотреба на функцијата, за прикажување лажни податоци, за немање основ да се бара наредба за претрес, што се докажа и со надзорот. Во најмала рака очекуваме шеф на ОЈО ГОКК да познава дел, ако не цел, Закон за кривична постапка. Ова нема да го премолчиме и за ова јас ќе поднесам кривична пријава против Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска“, најави директорот Муареми.

Тој ја потсети Русковска дека претресот е направен во државен орган, а Законот за кривична постапка гласи „кога претрес се врши во простории на државни органи, институции што вршат јавни овластувања, ќе се повика нивниот старешина да присуствува на претресувањето“, што не било направено.

„Во овој случај, бидејќи претресот беше во Управата за финансиска полиција, а имаа наредба и за мој личен претрес, истражителите не смееја да го извршат претресот, не смееја ни да почнат со истиот без присуство на старешина – во овој случај министерот за финансии, или од него назначено лице, да присуствува на претресувањето, со оглед на тоа што Управата за финансиска полиција е орган во состав на Министерството за финансии“, објасни директорот Муареми.

Тој смета дека претресот во Управата бил за лична сатисфакција на одредено лице, за негово јавно деградирање како директор на Управата  и рушење на угледот на Управата за финансиска полиција

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Русковска која беше инструмент на власта во прогонот на неистомислениците и патриотите, сега има можност да ги признае сите злодела

(ВИДЕО) Русковска пред еден месец кажа дека има информации за нејзиното разрешување

Александар Тодески

Oбвинителството ги отфрли кривичните пријави против Муареми

Катерина Ѓуровски

Дисциплинската комисија бара разрешување на Вилма Русковска

Катерина Ѓуровски

Дисциплинска постапка против Русковска и уште две обвинителки

Ана Ололовска

Русковска за најавата за кривична од Рашковски: Од што да се плашам?

Кристијан Ландов