Русковска: Нема голем интерес на огласот за нови обвинители

Од:

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција треба да има 20 обвинители, така што, ние сме шест помалку. Тоа не влијае многу врз работата затоа што колегите даваат максимум од себе, се останува и после работното време затоа што има и многу судења, истрагите ги водат обвинителите, со големи напори од страна на колегите навистина сме доста ажурни, изјави денеска обвинителката Вилма Русковска.

– Ме загрижува таа незаинтересираност на колегите обвинители да работат во ова обвинителство и покрај тоа што сторив напор, имаме најголеми плати во јавно обвинителската организација како обвинители, но, и покрај тоа, многу мала заинтересираност, рече таа.

Во врска со истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, Русковска информираше истрагата е во тек и дека ќе бараат продолжување на притворот.

Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека е примена иницијативата од Државната комисија за спречување на корупција за кривично гонење на поранешните генерални секретари Зеќири и Драги Рашковски.

– Се постапува, сè уште нема одлука, краток е периодот откако е стигната иницијативата, ние постапуваме по сите иницијативи и многу сериозно ги сфаќаме, рече таа.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Русковска која беше инструмент на власта во прогонот на неистомислениците и патриотите, сега има можност да ги признае сите злодела

(ВИДЕО) Русковска пред еден месец кажа дека има информации за нејзиното разрешување

Александар Тодески

Дисциплинската комисија бара разрешување на Вилма Русковска

Катерина Ѓуровски

Дисциплинска постапка против Русковска и уште две обвинителки

Ана Ололовска

Русковска за најавата за кривична од Рашковски: Од што да се плашам?

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Рашковски кривично ќе ја гони Русковска: Ќе докажеме како ја местела истрагата

Кристијан Ландов