Бајден го поддржа договорот што им дозволува на Финска и Шведска да се приклучат на НАТО

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден го поддржа договорот што ќе им овозможи на Шведска и Финска да се приклучат на НАТО и помогна да се постигне договор зад кулисите на преговорите на нордиските земји со Турција, изјави висок американски претставник.

Турција престана да се противи на влезот на Финска и Шведска во НАТО пред годишниот самит на Алијансата во Мадрид.

Официјалниот претставник рече дека Бајден претходно во вторникот разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за НАТО на барање на двете земји.

Тој рече дека договорот ќе овозможи проширување на 30-члената алијанса и претставува „значајна промена во безбедноста“.

Турција не инсистираше нејзините барања за напредни американски воени авиони да бидат вклучени во преговорите, рече претставникот.

Бајден и Ердоган се очекува да се сретнат на маргините на самитот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот