Кабулов: Путин одобри испраќање жито во Авганистан доколку е потребно

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин начелно одобри испраќање жито во Авганистан доколку е потребно, изјави за Канал 1 специјалниот пратеник на рускиот претседател за Авганистан Замир Кабулов.

– Меѓуресорската делегација поднесе извештај и заклучоци за својата работа во Авганистан, а Владимир Путин начелно одобри испраќање житарици, доколку е потребно. Поточно, одобрена е одредена количина житарици од Русија, се надеваме дека се квалитетни. Количината ќе биде одредена од руската влада согласно специфичноста на ситуацијата, рече Кабулов, пренесува ТАСС.

Тој додаде дека проценките за жетвата во Авганистан се обесхрабрувачки, особено за житариците.

– Минатата зима беше сушна, објасни Кабулов.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Што значи новата руска нуклеарна доктрина што ја потпиша Путин

Олаф Шолц: Ставовите на Путин за војната во Украина не се променети