Стефанов доаѓа на местото на Макрадули во Македонски пошти

Од:

На денешната седница Владата одлучуваше по решенијата на Комисијата за кадровски прашања и заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ да го отповика Јани Макрадули од должноста претседател на Управниот одбор и генерален директор и на оваа позиција го избере Васко Стефанов кој е разрешен од должноста заменик-директор на Агенција за вработување на Република Северна Македонија.

„Владата го разреши од должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија Стево Крстевски, а за вршител на должноста директор на ФЗОРСМ ја именува Магдалена Филиповска – Грашкоска, којашто е разрешена од должноста претседател на Инспекцискиот совет.

За в.д. претседател на Инспекцискиот совет на денешната седница Владата ја именуваше Даниела Рендевска“, велат од Владата.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

Кривична пријава за Јани Макрадули, како директор на „Пошта“ не платил фактури на две фирми

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата