„Коха диторе“: Приштина и Белград се договорија за телекомуникациите

Од:

Приштина и Белград постигнаа договор за телекомуникациите, со кој е предвидено Косово да добие меѓународен код за повикување 383, додека „Телеком Србија“ ќе биде задолжен за телефонските услуги во местата каде што живеат Срби, објави денеска „Коха диторе“.

Приштинскиот весник повикувајќи се на извори од Брисел, наведува дека телефонските разговори од Косово во Србија ќе се сметаат како внатрешни, а не меѓународни разговори.

„Коха диторе“ тврди дека барањето за меѓународен код во име на Косово пред Меѓународната унија за телекомуникации ќе го поднесе една од земјите-членки на Европската унија – Италија, Австрија или Швајцарија.

Би можело да ве интересира

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија