Каевски: Мицкоски го брани шефот Груевски, затоа молчи за црната листа на САД

Од:

Втор ден Христијан Мицкоски молчи за фактот што САД на својата црна листа го стави неговиот шеф и осуден криминалец во бегство Никола Груевски. Причината за овој потег сите добро ја знаеме, а тоа е вмешаноста на Груевски во корупција и криминал рече на прес конференција портпаролот на СДСМ Дарко Каевски.

– Како што наведува Стејт департментот: искористување на неговото политичко влијание и моќ за лична корист, злоупотреба на моќта на својата функција за да бара и зема мито во замена за владини договори; присвојување државни средства; и мешање во изборните процеси. Сето ова граѓаните го слушнаа и во бомбите, во материјалите од Вистината за Македонија. Бројни судски пресуди и признанија во предметите како „Титаник“ „Тенк“ Таргет Тврдина“ ги потврдија криминалните дејствија на Никола Груевски и неговите соработници. На црната листа на САД заедно со Груевски е и братучедот Сашо Мијалков. Молкот, тишината на Мицкоски е силна потврда на се она што го говориме и што граѓаните добро го знаат.Христијан Мицкоски е еден од сорботниците на Никола Груевски, негова десна рака, негов советник, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ рече Каевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

Мицкоски: Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја

А1он

Цената на струјата останува иста до крајот на годината

(ВИДЕО) Мицкоски: Направен е упад и киднапирано е лице кое е бегалец од правдата, ова нема вака да заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он