Мицкоски: Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Брвеница истакна дека навредите кои Филипче ги упати синоќа од истото место укажуваат дека станува збор за личност која го загуби разумот и како што кажа, предавник кој може да ги продаде и државните интереси.

„Изборот на овие избори за Брвеница е помеѓу сигурна иднина за сите граѓани, и избор со кој Брвеница ќе се подели, за жал. Вчера тука беше Венко Филипче. Немаа програма, немаа дела кои ги понудија, но имаа навреди, омаловажувања, арогантен однос. Кажаа некаков проект и освен тоа што видовме неартикулирано викање, беседење и исплашени луѓе на бина, буквално ништо друго не видовме“ – изјави Мицкоски.

Мицкоски е дециден дека Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја, потенцирајќи дека за опозициската СДС не постои ништо свето.

„Тоа се луѓе за кои е докажано дека се печалбари во политиката. Луѓе кои живеат од народот, а не за народот. Дури и го навредија нашиот прерано починат Јовица Илиевски. Има работи кои се свети и има работи за кои мора да има граница. Имам многу што да кажам и да вратам на таквото нечовечко однесување, но барем тој што го кажуваше сето тоа и ги кажуваше сите тие навреди, ќе посакам да биде барем половина човек од тоа што беше Јоцо, силен, одмерен, чесен. Човек каков што тие не можат ни половина да бидат. Навредите кои ги упати покажуваат дека имаме работа со личност кој го изгубила, за жал разумот, личност која работи и манипулира со ситни страсти. Човек кој знае дека ќе одговара за тоа што го правел додека беше дел од минатата влада и затоа е исплашен”, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Мицкоски: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Брвеница денеска избира градоначалник

Горан Наумовски

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1