Овој викенд по петти пат ултимативната планинска трка – Водно-Матка Треилс

Од:

Овој викенд на 2 април ќе се одржи петтото издание на ултимативната планинска трка во скопскиот регион – Водно-Матка Треилс.

Водно-Матка Треилс претставува планински тркачки предизвик кој ве носи низ најубавите, но воедно и најтешки планински патеки и предели на планината Водно и кањонот Матка – двете најпосетувани и најчести локации за спорт, рекреација и одмор во близина на градот Скопје.

Малиот јубилеј – 5 години Водно-Матка Треилс е закажан за оваа сабота, со почеток од 7 часот наутро до 18 часот попладне. Главните активности ќе се одвиваат на старт/финиш зоната на Средно Водно (во склоп на Даре Бомбол), но тркачи ќе има низ цело Водно и околу кањонот Матка.

На репертоарот оваа година се три трки од 40, 27 и 10 километри со соодветен старт во 7, 8 и 9 часот наутро. Стартните листи се затворени и објавени тука, а Водно-Матка оваа година очекува 520 тркачи од дваесетина држави. Во склоп на настанот ќе се одржи и мала журка со бендот The Hounds Која ќе започне во 13 часот.

Би можело да ве интересира

Спасени туристи од Хонг Конг кои се загубиле на Матка

Шесто издание на „Водно – Матка Треилс“

Ана Ололовска

Утре над 500 домашни и странски тркачи ќе учествуваат во трката Водно-Матка Треилс

Ана Ололовска

Изгоре кампер-возило на полски туристи на Матка

Жарко Настоски

Активисти ја чистеа Матка

Жарко Настоски

Град Скопје го прифати предлогот кањонот Матка да стане споменик на природата

Катерина Ѓуровски