ФДА одобри четврта доза на Фајзер или Модерна за постари од 50 години

Од:

Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) одобри уште една засилувачка доза на Ковид-19 од вакцините Фајзер или Модерна за луѓе на возраст од 50 години и постари.

Тоа значи дека лицата од оваа возрасна група ќе можат да примат вакцина најмалку четири месеци од нивното ревакцинирање со треттата доза.

Досега, ФДА ја дозволуваше четвртата доза само за луѓе од 12 години и постари кои имаат сериозно ослабен имунолошки систем. Агенцијата соопшти дека оваа особено кревка група може да добие и дополнителен засилувач, петта доза.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски