Османи повикува на решение преку дијалог за случувањата во Украина

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се сретна со амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Сергеј Баздникин.

„На средбата стaна збор за случувањата во и околу Украина, при што министерот Османи повика на деескалација на состојбите и изнаоѓање решение преку дијалог и дипломатски начин на комуникација, и го повтори ставот дека Северна Македонија го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, во меѓународно признатите граници.

Воедно, Министерот Османи нагласи дека нашето членство во НАТО претставува значајно надворешно – политичко достигнување на земјава, што е израз на наша суверена одлука донесена едногласно во Собранието во 1993 година. Членството на Северна Македонија во НАТО Алијансата претставува гаранција за нашата безбедност, а воедно придонесува и за пошироката регионална безбедност и сигурност. Дополни, дека НАТО е алијанса за колективна одбрана на земјите членки и не претставува закана за Руската Федерација или било која друга земја во светот.

Министерот Османи го реафирмираше повикот до Руската Федерација за отворен дијалог во рамки на Советот НАТО-Русија и во ОБСЕ со цел за унапредување на европската безбедност, што е од заеднички интерес за сите“, велат од МНР.

На средбата било дискутирано и за улогата на Македонија како дел од ОБСЕ Тројката и идното претседавање со ОБСЕ во 2023 година.

Би можело да ве интересира

Залужни: Русија најде противмерки за речиси целото западно оружје што го користи Украина

Тројца загинаa во напад со руски беспилотни летала врз регионот на Харков

Атентат во Русија: Тешко е ранет коосновачот на фабрика за борбени беспилотни летала

Горан Наумовски

Русија тврди дека погодила бродови со воена опрема наменета за Украина

Руска актерка e на украинската „црна“ листа како закани за националната безбедност

Брисел ја обвинува Русија за хаосот во Сеута