Лучијано Моџи смета дека Наполи само ги „фрлил“ парите кога е во прашање трансферот на Игуаин и верува дека ’наполитанците’и покрај големите вложувања ќе бидат послаби од претходната сезона.
Во Неапол никој повеќе не се сеќава на Кавани, сопственикот најави трансфер пазар од 124 милиони евра, а веќе пристигнаа неколку квалитетни играчи меѓу кои најскапиот е Гонзало Игуаин, платен 40 милиони евра.
„Игуаин ја нема класата на Кавани и нема шанси достојно да го замени Уругваецот. Мислам дека Наполи само ги „фрла“ парите и дека има послаб тим од минатата сезона. Игуаин ни на сон неможе да го направи тоа што го правеше Кавани“, констатираше Моџи.