Кина остро демантира: Тоа е апсолутна лага

Од:

Кинеската амбасада во Русија соопшти дека е апсолутна лага дека Кси Џинпинг побарал од Владимир Путин да не ја напаѓа Украина за време на Олимпијадата.

„Написот на Блумберг за тоа дека Си наводно му пишал на Путин да не ја напаѓа Украина за време на Олимпијадата е апсолутна ‘лажна вест’“, се вели во соопштението на амбасадата.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, откри дека планира да се појави на Зимските олимписки игри во Кина.

Претходно американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Америка планира потенцијален дипломатски бојкот на ЗОИ.

И рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров потврди дека Путин ќе присуствува на отворањето на Олимписките игри во Пекинг на 4 февруари, а потоа ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг.

– Подготвуваме официјален руско-кинески самит. На покана на претседателот Кси Џинпинг, претседателот Путин ќе го посети Пекинг на 4 февруари – денот на отворањето на Олимписките игри. Истиот ден ќе се водат и преговори на највисоко ниво, прецизира Лавров.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите