Половина милион Срби живеат со родителите

Од:

Секој втор граѓанин на Србија на возраст од 20 до 34 години, што е околу половина милион, живее со родителите, пишува весникот „Блиц“.

Според весникот, поразителен е и податокот дека секој трет од нив воопшто нема шанса да се осамостои, бидејќи нема никакви приходи.

Дополнително поразителен е и фактот дека оние кои можат да се осамостојат тоа не го прават, бидејќи им одговара да останат во родителскиот дом, покажа истражувањето на Институтот за социолошки истражувања на Филозофскиот факултет во Белград.

Половина од тие млади велат дека осамостојувањето повеќе би им одговарало, но дека во моментот за тоа не се создадени услови.

Исто така, на подоцнежното осамостојување од родителите влијае и се подоцнежното склучување брак.

Психолозите поради тоа предупредуваат дека дури некој кога ќе се одвои од родителите, тој станува личност и оти според тоа во Србија има околу 500.000 „вечни деца“.

– Целта на родителот треба да биде детето да стане самостојно и социјализирано. Доколку не се одвојат од родителите како млади, стекнуваат некој вид зависност од заедничкиот живот. Тука настануваат и други проблеми бидејќи луѓето кои не се осамостојуваат мора да живеат според правилата на родителите и тој престој го плаќаат и психолошки и емотивно, вели психологот Зоран Миливојевиќ.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија