ВИДЕО: Со или без диплома, животот е неизвесен

Од:

На самохраната мајка Јасмина Георгиевска никогаш не и биле на дофат убавите илузии од моќните реплики на владините кампањи „Знаењето е сила, знаењето е моќ“ и „осмели се и направи го првиот чекор“. Таа е дипломиран инжинер-агроном и досега никогаш не работела на својата струка. Не е и туѓо ниту работењето на црно, така почнала за да и обезбеди средства за школување на нејзината ќерка која била првенец на генерација, но ниту еднаш не добила стипендија.

Обидувајќи се да и овозможи на својата ќерка сигурен пат до факултетската диплома, Јасмина позајмува пари од пријатели и роднини и започнува свој бизнис.

Несигурна ниту за својата ниту за иднината на ќерка и, таа сега живее со желба ќерка и да си замине од тука и да го продолжи школувањето надвор од државата. Но, Јасмина не е сама во суровата македонска реалност. Нејзината судбина ја делат многумина во Македонија.

Со скромни примања овие луѓе кои екипата на А1 ги сретна во народната кујна едвај го преживуваат месецот. Раскажуваат како единствен спас им е четврт леб и топла порција кои секојдневно ги земаат од народната кујна во скопски центар. Оваа жена, мајка на четиримесечно бебе секојдневно се соочува со неизвесноста дали ќе има што да јаде.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2010 година процентот на сиромашни лица во Република Македонија изнесува 30.9%. Анализирано по профили, најранливи групи се повеќечлените домаќинства, 47,3 проценти од сиромашните живеат во семејства со 5 и повеќе членови.

Јасмина Спасовска

 

Би можело да ве интересира

Светот во 2022: Жени, живот, слобода

Горан Наумовски

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска