Првата геј парада во Црна Гора ќе биде организирана следната недела, а домаќин ќе биде атрактивната туристичка дестинација Будва.
За порталот „Вјести“ е потврдено дека парадта е пријавена и во црногорската полиција.
Иако настанот се чува во тајност, поради безбедносни причини, организаторот, невладина организација „Форум за напредок“, водена од Здравко Цимбањвиќ и Александар Зековиќ, неколку недели наназад со поддршка на полицијата администрација и локална самоуправа ги подготвуваа геј перформансите кои ќе бидат одржани во Будва.
Будва во шпицот на сезоната има голем број на членовите на ЛГБТ заедницата, избран е како место во кое членовите на сексуалното малцинство за прв пат во Црна Гора јавно се соберат.