Директорот на Модерна смета дека постоечките вакцини ќе бидат помалку ефикасни против Омикрон

Од:

Извршниот директор на Модерна Стефан Бансел смета дека постоечките вакцини ќе бидат многу помалку ефикасни против сојот Омикрон и предупреди дека може да поминат месеци пред фармацевтските компании да можат да произведат повеќе вакцини што ќе делуваат против новата варијанта на коронавирусот.

Бансел рече дека големиот број мутации на Омикрон и брзото ширење на таа варијанта во Јужна Африка укажуваат на тоа дека постоечките вакцини можеби ќе треба да се модифицираат следната година.

„Мислам дека нема шанси ефикасноста да биде на исто ниво како што ја имавме со Делта варијантата. Мислам дека ќе има пад. Не знаеме само колку затоа што треба да ги чекаме податоците. Но, сите научници со кои разговарав велат нешто како … ‘ова нема да биде добро’“, рече Бансел во интервју за Фајненшл тајмс.

Коментарите на шефот на Модерна доаѓаат во време кога експертите за јавно здравје и политичарите се обидуваат да имаат пооптимистички тон за ефикасноста на постоечките вакцини против Омикрон.

Бансел наведува дека научниците се загрижени што 32 од 50-те мутации во варијантата Омикрон се пронајдени на „спајк протеинот“ на кој се фокусираат постоечките вакцини за зајакнување на имунолошкиот систем против Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски