НАСА: Нема закана од судир со астероид следните 100 години

Од:

Ниту еден од астероидите познати на научниците не се закана за судир со Земјата следниве сто години, изјави заменик-раководиителот на НАСА, Томас Зурбухен.

НАСА планира да го лансира вселенското летало „ДАРТ“ кон астероидот Диморф. Минијатурното вселенско летало ќе удри во астероидот за да ја тестира технологијата за заштита на Земјата од можен иден судир со астероид.

– Бидете уверени дека овој астероид не е и нема да биде закана (за Земјата). Ниту еден од објектите што ги знаеме денес не претставува закана следните сто години, изјави претставникот на НАСА.

Тој нагласи дека научниците знаат за само околу 40 отсто од релативно блиските вселенски тела кои се поголеми од 140 метри во ширина. – Повеќето од нив – околу 60 насто, сè уште не сме ги откриле, рече Зурбухен.

Мисијата „ДАРТ“, придвижувана од ракетата „Фалкон 9“ на „Спеј-Икс“, треба да полета утре, 24 ноември, а судирот на леталото со астероидот е предвиден за септември-октомври следната година.

Би можело да ве интересира

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Заглавените астронаути можно е да не да се вратат на Земјата до 2025 година

Предраг Петровиќ

Астронаути се заглавени во вселената, НАСА вели: Можеби нема да се вратат до 2025 година

Горан Наумовски

ВИДЕО: Астронаут на НАСА го сними разорниот ураган од вселената

Катерина Ѓуровски