Груби: Граѓаните да бидат спокојни, денеска победи евроатлантска Македонија

Од:

Заменик претседателот на Владата и министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби вечерва пред Собранието истакна дека граѓаните треба да бидат спокојни затоа што победила евроатлантска Македонија.

„Денеска граѓаните треба да бидат спокојни. Победи евроатлантска Македонија, победи напредна Македонија, Македонија со добрососедски односи, со САД, со ЕУ и благодарност до сите коалициони партии.
Денеска граѓаните се спокојни затоа што нашата интеграција во ЕУ останува загарантирана од оваа Влада.
Ова е голем дел на победата на евроатлантска Македонија затоа што нашата ориентација кон интеграција во Европската Унија останува загарантирано од ова парламентарно мнозинство“, порача Груби.

Тој рече дека долго време го познава пратеникот на БЕСА, Кастриот Реџепи и добро ги познава неговите евроатлантски убедувања.

„Јас сум сигурен дека тој е со свооето семејство и е среќен од овој епилог. А зошто не се појави денеска, тој кажа дека има закани од неговите сопартијци и од ова регресивно наводно парламентарно мнозинство“, изјави Груби.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Со ниту една седница на Владата не претседавал еден од албанските вицепремиери

Катерина Ѓуровски

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството

ВЛЕН: Дали Артан Груби ја купува слободата со тајните на ДУИ?

Отстранувањето на албанскиот јазик од таблите на Табановце е провокација, бараме веднаш да биде вратен, реагира ДУИ

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

ВЛЕН: ДУИ го присвои Охридскиот договор и сега го кочи Законот за правична застапеност