Г20 за вакцинација на 70 проценти од светското население до средината на 2022

Од:

Министрите за финансии и за здравство од 20-те најголеми светски економии (Г20) денеска нагласија дека сакаат 70 отсто од светското население да се вакцинира против Ковид-19 во следните осум месеци и формираа работна група за подобра борба против пандемијата.

– За да помогнеме во унапредување на глобалните цели за вакцинација на најмалку 40 отсто од населението во сите земји до крајот на 2021 година и 70 отсто до средината на 2022 година, ќе преземеме чекори за да помогнеме да се зголеми понудата на вакцини и основни медицински производи и суровини во земјите во развој и отстранување на ограничувањата во снабдувањето и финансирањето, се вели во заедничката изјава на министрите на Г20.

Тие информираат дека формирале Заедничка работна група за финансирање и здравство на Г20, чија цел е зајакнување на дијалогот и глобалната соработка за прашања поврзани со подготвеноста и одговорот на пандемијата, промовирање на размена на искуства и најдобри практики, развој на договори за координација меѓу министерствата за финансии и здравство, промоција на колективна акција, проценка и управување со здравствени вонредни состојби со прекугранично влијание и промоција на ефикасно управување со ресурсите.

Би можело да ве интересира

Русија влезе во трите земји со најниско ниво на јавен долг по глава на жител

Ердоган до лидерите на Г20: Исполнете ги барањата на Русија

Предраг Петровиќ

Групата Г20 и даде на Африканската унија ист статус како и на Европската унија

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска