Јужна Африка засега нема да ја одобри руската вакцина „Спутник В“

Од:

Јужна Африка денеска соопшти дека засега нема да ја одобри руската антиковид вакцина „ Спутник В“ за итна употреба.

Јужноафриканската агенција за лекови (Сахпра) соопшти дека употребата на „Спутник В“ во земјата каде што е широко распространет ХИВ вирусот може да го зголеми ризикот од добивање ХИВ кај вакцинираните мажи.

Јужна Африка има најголем број на луѓе заразени со ХИВ во светот. Исто така, најтешко е погодено од Ковид-19 на африканскиот континент со повеќе од 2,9 милиони заразени и 88,600 умрени.

Некои истражувања сугерираат дека вакцините што користат вектор на аденовирусот од типот 5 (АД5), како што е „Спутник В“, може да доведат до поголема подложност на ХИВ кај мажите кои ја примиле вакцината.

Во Јужна Африка се користат вакцините на „Џонсон и Џонсон“, како и вакцините што користат информатичка РНА технологија Фајзер / БиоНТек, а одобрена е, исто така, и кинеската вакцина „Синовак“.

Руската вакцина се уште нема добиено официјално одобрение за употреба од Светската здравствена организација, но таа се употребува во најмалку 45 земји.

Јужна Африка има потешкотии да обезбеди доволно антиковид вакцини за своето 59-милионско население, од кое досега се вакцинирани едвај една четвртина.

Би можело да ве интересира

Фармери ја убиле Марија и уште една жена, со нивните тела ги нахраниле свињите: Случајот ја шокираше Јужна Африка

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата

ВИДЕО: Земјотрес во близина на Јоханесбург, снимки од моментот на потресот

Ана Ололовска

Путин ќе биде уапсен ако ја посети Јужна Африка, предупредува лидерот на опозицијата

Катерина Ѓуровски