Макрадули ја демантира Петровска: Таа е една од авторките на Студијата за гасоводот во 2011 година, зад очите на јавноста

Од:

Јани Макрадули кој вчера беше посочен од кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Ана Петровска дека тој го водел проектот за гасовод на Водно, реагира дека е непријатно изненаден од нејзиниот коментар со кој ја префрла одговорноста. Макрадули на својот ФБ профил ја објави Студијата за оцена на влијанието врз животната средина на проектот Гасоводот на Водно од 2011 година, каде посочува дека Петровска е еден од авторите.

-Иако не сум дел од кандидатите на овие локални избори, ја следам кампањата и непријатно ме изненади еден коментар на кандидат за градоначаник на град Скопје, г-ѓа Петровска, каде префрлува одговорност на погрешна адреса.

Имено, Ана Петровска е една од авторките на Студијата за оцена на влијанието врз животната средина на проектот за Национален гасификационен систем во Република Македонија Делница 5 Скопје-Гостивар-Кичево (Гасоводот на Водно) од 2011 година.

Студија направена во 2011 во многу тишина и зад очите на јавноста.

За таа траса, одобрена и препорачана од Петровска, дека не влијае штетно на природата, граѓанските организации реагираа, а во координирана акција на неколку владини институции во 2018-та година:

Од првичниот проект, направена е измена на трасата, и со тоа за 70% се намали должината каде се сечеа дрвца.

Невладините организации имаа увид во комплетната документација на проектот, затоа впрочем и учествуваа во процесот на измените кои се направија за намалување на влијанието врз животната средина (стеснувањето на трасата и промената на 4км од дел од трасата со што се избегна високостеблеста шума).

Со цел надоместување на штетата со исечени дрва, Владата донесе заклучоци со кои се предвидоа серија активности за рекултивација и пошумување на парк шума Водно, согласно предлозите на граѓанските здруженија.

Затоа Петровска не може да избега од нејзиното дело во 2011-та година, напиша на ФБ профилот Јани Макрадули.

Кандидатката за градоначалник на Скопје, Ана Петровска вчера негираше дека има некаква поврзаност со гасоводот на Водно.

-Што се однесува до гасоводот, јас немам никаква допирна точка со гасоводот. Тој проект го водеше, во тој период додека јас бев државен секретар, господинот Јани Макрадули“, изјави кандидатката за градоначалник Ана Петровска.

Би можело да ве интересира

Ќе се тестира гасоводот, ограничено движење на Водно

Стефанов доаѓа на местото на Макрадули во Македонски пошти

А1он

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска