НАСА ја тестира одбраната на Земјата од можно опасни астероиди

Од:

НАСА првпат ќе ја тестира одбраната на Земјата од потенцијално опасни астероиди. Според „Вашингтон пост“, американската вселенска агенција планира да лансира ракета со специјална сонда – „ДАРТ“, којашто ќе се судри со астероид за да ја промени неговата насока. Почетокот на мисијата е закажан за 24 ноември.

Во 2016 година, НАСА ја формираше Канцеларијата за координација на мерки за заштита на Земјата. Со оваа програма, се пребаруваат астероиди и комети кои би можеле да бидат закана за Земјата на 48 милиони километри од неа, се собираат податоци за нивната големина, насока и хемиски состав, како и анализа на можните последици од нивно паѓање на нашето тло.

Како што е предвидено, „ДАРТ“ ќе се одвои од ракетата за да се забие во двојниот астероид Дидим-Диморф есента 2022 година. Се очекува сондата да се судри со помалиот од нив – Диморф, со брзина од околу 25.000 километри на час. Како резултат на тоа, насоката на движење на астероидот, кој се врти околу поголемиот Дидимус, ќе мора да отстапи „за дел од процент“. Научниците очекуваат дека ова ќе биде доволно за да може да се проследи отстапувањето, со телескопите од Земјата.

Двојниот астероид Дидим-Диморф орбитира околу Сонцето и во мигов не претставува закана за нашата планета, иако периодично се приближува до Земјата.

Целта на експериментот е да се развие техника со која во иднина, во случај на појава на вистинска опасност, ќе може да се смени патеката на движењето на вселенското тело што би било цел.

Би можело да ве интересира

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Заглавените астронаути можно е да не да се вратат на Земјата до 2025 година

Предраг Петровиќ

Астронаути се заглавени во вселената, НАСА вели: Можеби нема да се вратат до 2025 година

Горан Наумовски

ВИДЕО: Астронаут на НАСА го сними разорниот ураган од вселената

Катерина Ѓуровски