(ВИДЕО) Дебата: Шилегов вети дека ќе ја реализира програмата, а Петровска враќање на моќта од урбанистичката мафија кај граѓаните

Од:

Петре Шилегов, актуелен градоначалник и кандидат од СДСМ, смета дека град Скопје немал развој во изминатите 27 години сѐ до неговото доаѓање.

Тој вели дека на градот му треба концепт, а не експерименти.

Според Шилегов, програмата што сега им ја нуди на скопјани во следните четири години, доколку победи на изборите, ќе биде целосно реализирана, и додаде: „немаме поинаква алтернатива, освен да го доразвиеме инфраструктурно градот“.

Тој очекува сигурна победа на изборите, дури и во првиот круг.

„На многумина што се кандидираа на почетокот на кампањата, веројатно во меѓувреме им стана јасно дека дс го водиш Скопје не е едноставна работа, туку е работа што се базира на сериозни планови за да има квалитетна реализација. Градот Скопје не е попис на желби, туку сериозен организам со динамика. Веројатно дека кандидатката на ДПМНЕ и Мицкоски се соочуваат со таа реалност бидејќи од ден на ден, колку што успеав да видам, нејзините прес-конференции повеќе личат на отчет на одработеното од моја страна во изминатите четири години отколку на нешто што е реална понуда до скопјани“, рече Шилегов прашан за мислење зошто неговите противкандидати одбија дебата со него и Ана Петровска, кои ја прифатија поканата.

Приоритет на Ана Петровска од Зелен хуман град е враќање на моќта од урбанистичката мафија кај граѓаните, решавање на проблемите со управувањето со отпад за кој смета дека нема каде да се рециклира од страна на граѓаните.

Таа посочи дека има и план за скопјани да дишат чист воздух, без да слушаат оправдување дека тоа не е надлежност на Градот, а понуди и проекти за енергетска ефикасност.

За проектот „Скопје 2024“ смета дека сега не може да биде фокусот за трошење пари, а го оцени како: „архитектонско, урбанистичко, социјално и културолошко промашување, кое не смеело да му се случи на градот, а се размислува како овие габаритни објекти, кои се ставени на погрешно место, да се вклопат во живеењето за барем да не пречат визуелно“.

„Скопје е пред крстопат кога градот треба да го водат стручни, чесни и посветени луѓе, кои може да ги разберат процесите. Има можности Градот да соработува со други институции, со локалните власти за да се направи градот подобар, за да обезбеди хумано урбанистичко планирање, да ги реши прашњата за управувањето со цврстиот отпад. Важна работа е и тоа што Градот не е доволно транспарентен. Градот своите политики не ги дискутира со граѓаните. Не знам зошто е тоа така, ние ветуваме да имаме 46 советници, една алатка за прибирање на барањата на граѓаните, буџетски форуми…“, изјави Петровска.

Би можело да ве интересира

Ќе креираат хаос, ќе го дестабилизираат Скопје за да дефокусираат, тврди Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

Аднан Азизи избран за шеф на Централниот изборен штаб на ВЛЕН за локалните избори

ВМРО-ДПМНЕ: Во време кога нема автобуски превоз, Скопје се дави во ѓубре и се занимава со циркусот Данела, што сработи синот на Блерим Беџети за 12 илјади евра интелектуални услуги?

СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повлекоа сопствена точка, само за да ја спасат урбаната мафија

Јовановска: ДПМНЕ избега од расправа за дивоградбите – Левица поддржува расправа за дивоградбите во сите општини

Предраг Петровиќ

Стефковски: Потврдувам дека моето име е дел од имињата за градоначалник на Скопје