Бошкоски ќе ја чуе пресудата за „Ровер“

Од:

Основниот суд Скопје 1 наскоро ќе ја соопшти пресудата за случајот “Ровер” во кој како обвинети фигурираат 15 лица, меѓу кои е поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски.

Бошковски е обвинет и за убиството на Марјан Тушевски и Кире Јанев кои беа убиени на 10 јули 2001 година пред кафуле во Капиштец.

Од 15-те обвинети лица, четворица наведени како извршители и еден како организатор се во бегство и иако во текот на судењето одбраната бараше тие да се обезбедат сепак тоа не беше сторено.

Обвинителството го повлече обвинението за петмина од обвинетите.

Бошкоски моментално се наоѓа во затворот „Идризово“ на издржување на петгодишната затворска казна за нелегално финансирање на изборната кампања досудена за изборите во 2011 година.

Би можело да ве интересира

Продолжува притворот за двете лица осомничени за грабнување на внукот на Љубе Бошкоски

A1on

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

(ВИДЕО) Бошкоски: Ревизорот откри 400 000 евра непокриени во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

Пресуда за Љубе Бошкоски: Не е виновен за „Ровер“

Васко Маглешов

Груевски и Бошкоски за 27 април ќе се бараат со меѓународна потерница

Сандра Бошковска

Бошкоски и Плевнелиев разговараа за можностите за инвестирање

Наум Локоски