Според Меркел, Македонија и Албанија ги исполниле поставените услови за да започнат преговори за членство

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама, рече дека Албанија и Северна Македонија ги исполниле условите почеток на преговори за членство во Европската Унија.

– И Албанија и Северна Македонија ги исполнија поставените услови за да започнат преговори за членство. За жал, тоа не беше постигнато поради бугарското вето, но ние ветивме дека ќе бидеме блиску до овој процес, бидејќи е вложена многу сила и енергија во него, рече Меркел.

Од своја страна, Рама, кој во континуитет ја критикува ЕУ и состојбата на двете земји ја споредува со драмата „Чекајќи го Годо“, оцени дека „ние сме заложници на национализмот внатре во ЕУ“.

– Ние сме заложници на национализмите во ЕУ. Во ЕУ нема националистички влади, но за жал во некои земји националистите и екстремната десница влијаат на одлучувањето на умерените влади. Дури и она што се случува денес е заложништво на интегративниот процес од националистички бран во една земја, рече Рама.

На новинарско прашање Меркел призна дека стагнацијата на процесот на интеграција на Албанија во ЕУ се должи и на внатрешната политика на некои од земјите на Унијата, пренесе „Ора њуз“.

Меркел додаде дека го разбира разочарувањето на земјите од регионот бидејќи, како што рече, кога се исполнети условите, дадениот збор мора да се одржи и да не се даваат други услови поради внатрешно-политички причини во одредени земји.

– Ова носи разочарување и ја разбирам фрустрацијата што постои. Кога ќе се потврди дека се исполнети условите, треба да се одржи зборот, бидејќи во спротивно се појавува разочарување и треба да знаеме како да си веруваме едни на други, рече Меркел.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он