Никој не и помогна на младата самохрана мајка од Куманово

Од:

Се уште нема никаква помош за младата кумановка, Даниела Бошковиќ, која итно мора да се оперира, поради карцином на вилицата.

Кумановката веќе неколку месеци без лекови, храна и основни услови за пристоен живот на еден човек се бори со опасната болест.

daniela-boskovic

По апелот во медиумите, Министерството за труд и социјална политика се предомисли и донесе решение да и ја врати укинатата социјална помош, но ниту денар до сега никој не одвои за да и помогне на оваа самохрана мајка која е прогласена за работнонеспособна.

Мајката на Бошковиќ, Јаворка Петковска вели дека постојано им се јавуваат луѓе за да им помогнат, но на жиро сметката нема пристигнато ниту денар.

elenka1

Пред една недела претставници од една адвокатска канцеларија од Куманово и ветиле дека ќе и обезбедат бесплатна правна помош како и дека ќе најдат парични средства. Дотогаш кумановчанката е оставена сама на себе помеѓу четирите изнјамени ѕида на сиромаштијата и бескрајноста на нехуманото општеството во кое живееме.

elenka

Бошковиќ има две малолетни деца и живее во изнајмен стан со нејзината мајка. Освен што се бори со болеста, се грижи и за струјата која што неколку месеци не е платена, но и дека наскоро може да остане без покрив над главата, бидејќи сопственикот на куќата бара да му се плати киријата за заостанатите три месеци.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Светот во 2022: Жени, живот, слобода

Горан Наумовски

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска