ВИДЕО: Пукање пред Пентагон, повредени се неколку луѓе

Од:

Најмалку три лица се повредени, меѓу кои и полицаец, при пукање пред Пентагон, јавуваат американските медиуми.

Зградата на Пентагон денеска беше блокирана, а на ниту еден од вработените не му било дозволено да излезе, откако се случило пукање на блиската автобуска станица, објави Агенцијата за воена заштита на „Твитер“.

Пукањето се случило пред зградата, на градска автобуска станица, која е главниот влез за илјадници вработени во Пентагон, пренесуваат американските медиуми. Две лица се тешко повредени, јавија дел од медиумите.

Возовите од метрото добиле наредба да го заобиколуваат Пентагон поради полициската истрага.

Итните служби се на местото на настанот, а повеќе детали засега не се познати.

Би можело да ве интересира

Малолетник од Скопје пукал во познаник и кон неговото возило

Горан Наумовски

Двајца полицајци застрелани во Париз откако маж украл пиштолот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пукање на забава: Има мртви, неколку повредени

Предраг Петровиќ

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Инцидент во Гази Баба, маж пукал со пиштол

Почина жената која пред еден месец беше ранета од тетовец на патарина во Прешево

Орце Костов