Шкотските власти денеска пријавија речиси 2.000 случаи на Ковид-19 поврзани со гледање на натпреварите на ЕУРО2020 на стадиони, јавни собири, во пабови и приватни домови.
Податоците се однесуваат на првите две недели од Европското првенство кога шкотската репрезентација одигра два натпревари на „Хемпден Парк“ во Глазгов и еден на стадионот „Вембли“ во Лондон.
Заводот за јавно здравје на Шкотска објави дека вкупниот број на заразени навивачи со коронавирус е 1.991.
Речиси три четвртини од заразените се на возраст од 20 до 39 години, а во 90 отсто од случаите станува збор за мажи.