Уапсена поранешната шкотска премиерка

Од:

Поранешната шкотска премиерка Никола Старџен беше уапсена и однесена во притвор. Станува збор за истрага поврзана со финансирањето на Шкотската национална партија, пренесува Sky News.

Претходно во рамките на таа акција беше уапсен Питер Мурел, поранешен извршен директор на партијата и сопруг на екс-премиерката. Уапсен е и благајникот Колин Бити. Двајцата се ослободени и против нив не е покренато обвинение.

Полициската истрага се обидува да открие што се случило со повеќе од 600.000 фунти собрани од кампањата за независност на Шкотска во 2017 година, кои требало да бидат искористени за таа цел, но наводно исчезнале од сметките на партијата. СНП не одговори веднаш на барањето за коментар и шкотската влада вели дека тоа е партиска работа.

Во март оваа година Старџен поднесе оставка како лидер на шкотската полуавтономна влада по осум години на власт. Во 2014 година, Шкотска гласаше против независноста со 55 отсто од гласовите.

Гласањето на Велика Британија за напуштање на Европската унија две години подоцна, кога повеќето Шкоти сакаа да останат, и справувањето со пандемијата на коронавирус од страна на Шкотска донесе обновена поддршка за независност.

Полицијата на Шкотска соопшти дека претресува голем број адреси како дел од истрагата.

Би можело да ве интересира

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски

Во Шкотска убиен и запален маж, неговото јагленосано телото оставено во близина на детско игралиште

Дете падна во шахта длабока шест метри и се удави-истрага после три години

Предраг Петровиќ

Доживотен затвор за маж кој ја турна бремената сопруга од карпа во Единбург

Ана Ололовска

Најмалку 25 повредени откако голем брод се преврте во пристаниште во Шкотска

Горан Наумовски