Белоруската опозициска лидерка во егзил Светлана Тихановскаја ги повика САД и Г-7 да преземат мерки против режимот на претседателот Александар Лукашенко, кој пренасочи патнички авион за да уапси опозициски новинар.
Таа вчера разговараше со советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден, Џејк Саливан.
– САД во координација со Европската унија и другите сојузници и партнери ќе бараат одговорност од режимот на Лукашенко, рече Саливан.
Тихановскаја денеска ги повика САД „да го изолираат режимот и да извршат притисок со санкции“. Таа, исто така, апелираше до Г7 за „учество на белоруските демократски сили“ на самитот на групата следниот месец во Велика Британија.