Тихановскаја до Германија: Воведете му санкции на Лукашенко

Од:

Лидерката на белоруската опозиција Светлана Тихановскаја ја повика Германија веднаш да усвои четврти пакет санкции против Минск. Таа, исто така, побара прекин на соработката со државните компании, а Белорусија да биде исклучена од Интерпол.

– Ја повикувам Германија да заземе цврст став против режимот во Белорусија, повикувам на итно усвојување на четвртиот пакет санкции и развој на петти против помошниците на режимот и компаниите кои го поддржуваат, изјави Тихановскаја пред новинарите во Берлин.

Таа, исто така, побара прекин на соработката со белоруските државни компании, исклучување на Белорусија од Интерпол и спроведување меѓународна истрага за злосторствата против Белоруси.

Тихановскаја истакна дека се состанала со „претставници на главните партии во Германија“. Главна тема на средбите била состојбата на граѓанското општество во Белорусија и европските санкции против Минск.

Би можело да ве интересира

Белорусија осуди Германец на смрт

ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Белорусија ја обвини Литванија дека ги финансирала силите за соборување на владата во Минск

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори