ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија

Од:

Европскиот совет денеска усвои рестриктивни мерки насочени кон белоруската економија, со оглед на, како што е објаснето, вмешаноста на белорускиот режим во војната на Русија против Украина.

Овие сеопфатни мерки имаат за цел да потврдат неколку рестриктивни мерки кои веќе се во сила против Русија, и на тој начин да го решат прашањето за заобиколување на санкциите што произлегуваат од високиот степен на интеграција меѓу руската и белоруската економија, се вели во соопштението на Европскиот совет.

Мерките договорени денеска ќе влијаат на различни сфери на белоруската економија, како што се трговијата, транспортот и услужниот сектор, се додава во соопштението на Советот на ЕУ.

Конкретно, новите ограничувања забрануваат увоз на злато, дијаманти, хелиум, јаглен и минерални производи, како и сурова нафта од Белорусија во ЕУ, пренесе РИА Новости. Ќе престане и транзитот на стоки и технологија со двојна намена низ постсоветската република.

Во новиот пакет, ЕУ ги прошири ограничувањата за патниот транспорт на стоки, вклучувајќи приколки и полуприколки, регистрирани во Белорусија.

Би можело да ве интересира

Орбан: Унгарија е конзервативен остров во европскиот „либерален океан“

Уставни измени, правосудниот систем и реформите поврзани со ЕУ, главни препораки во Извештајот на Европската комисија

Албанија ги отвора преговорите за членство во Европската унија

Муртезани: Брисел не гледа со оптимизам, но не го отфрла целосно предлогот за уставни измени со одложено дејство

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ

ВИДЕО: Историска грешка на ЕУ е што ја стави Македонија зад Албанија

Катерина Ѓуровски