Почна судењето во отсуство на лидерката на белоруската опозиција Тихановскаја

Од:

Во Белорусија вчера почна судењето во отсуство на лидерката на опозицијата Светлана Тихановскаја, која живее во егзил.

Тихановскаја и уште четворица обвинети, кои исто така се во бегство, се обвинети за заговор за неуставно преземање на власта и формирање екстремистичка група.

Таа го опиша судењето како „фарса“. Таа на својот канал Телеграм напиша дека сè уште не е информирана за точните обвиненија против неа.

По почетокот на судењето, многу европски и светски лидери го осудија овој чин и го нарекоа „срамно судење“, „политички мотивирано“ и „пример за кршење на човековите права“.

На претседателските избори во 2020 година, Тихановскаја беше противкандидат на долгогодишниот лидер Александар Лукашенко, а многу набљудувачи ја сметаат за вистински победник на изборите.

Откако Лукашенко се прогласи за победник, во Белорусија се одржаа невидени протести кои тој брутално ги потисна.

Тихановскаја, која помогна во водењето на протестите, мораше да побегне во егзил во Литванија. Минатото лето таа основа влада во егзил.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

12 години затвор за две жени кои водеа независен портал во Белорусија

(ВИДЕО) Белоруски граничари: Украинците не плашат со кукли на обесени руски војници

Светлана Тихановскаја осудена на 15 години затвор

Ана Ололовска

ВИДЕО: Белоруските партизани објавија снимка од напад на руски шпионски авион

Ана Ололовска

Лукашенко: Целосно го поддржувам планот на Кина за решавање на конфликтот во Украина

Ана Ололовска

Институт за војна: Лукашенко сега му „плаќа“ на Путин затоа што одби да се вклучи во војната

Ана Ололовска