Арсовски: СДСМ сака да украде 600 илјади евра преку маркетинг кампања

Од:

Влада на СДСМ сака да даде 600.000 евра преку два тендери објавени од Генералниот секретаријат за маркетинг услуги и рекламни кампањи. 300.000 евра за кампања за успешна вакцинација и уште 300.000 евра за кампања за спречување корупција рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ димче Арсовски.

„600.000 евра народни пари Заев, Филипче и Љупчо Николовски ќе ги дадат на маркетинг агенции, а кои се зборува веќе дека подоцна ќе им ја прават кампањата за локалните избори. Јавно прашуваме каде ќе завршат овие 600.000 евра и како ќе допрат до јавноста овие кампањи за кои што нели ќе се доделат парите, бидејќи се огромни пари, ако се земе предвид дека Владата не смее да се рекламира. Со 600.000 евра ќе се купат 10 амбулантни возила кои што фалат низ градовите, наместо да ги испумпаат и украдат СДСМ овие пари од Буџет. Исто така со 600.000 евра ќе се купат повеќе од 25.000 вакцини наместо граѓаните секојдневно да умираат. Со 600.000 евра ќе се реконструираат градинки и училишта или некоја поликлиника“ – рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on