Ви се обраќаме со апел, непристрасно да ја согледате состојбата во нашето училиште и со молба, соодветно да реагирате на новонастанатите услови со новопоставениот в.д. Филип Фидановски. Ви се обраќаме како вработени во ДСУЛУД Лазар Личеноски – Скопје, и како професори со долгогодишно искуство во училиштето. Сите ние, како докажани ликовни автори ја уживаме поддршката и симпатијата од нашата фела, но исто така и од публиката, односно, љубителите на уметноста. Нашето ликовно-творечко искуство е преточено во едукативниот процес во единственото средно уметничко училиште во Р.Македонија – ДСУЛУД “Лазар Личеноски” со што повторно и постојано ги освојуваме симпатиите на учениците и на сите инволвирани во овој едукативен процес. Успехот на учениците како идни ликовни творци е евидентен и одамна докажан со бројни аргументи и резултати се вели во отовреното писмо што професорите од средното уметничко училиште го испратија до министерката за образование и наука Мила Царовска.
Во продолжение, содржината на отвореното писмо до министерката:
Сакаме да потенцираме дека со новонастанатите состојби во училиштето, откако е поставен новиот вд директор СЕРИОЗНО Е НАРУШЕНО НАШЕТО ДОСТОИНСТВО како ликовни творци и НАШИОТ АВТОРИТЕТ како ликовни педагози.
За да појасниме зашто е тоа така, ќе проследиме неколку аргументи од работата и делувањето на вд директорот кои директно се причина за гореспоменатите состојби и општото незадоволство на вработените.
1. Филип Фидановски не поседува вештина за нормална комуникација со колективот
Имено: Филип Фидановски ПОСТОЈАНО се обраќа кон сите вработени со ДЕГРАДИРАЧКИ однос. Иако, сите ние како вработени во училиштето, свесни сме дека треба да се почитува хирархијата во секоја институција особено на директорот, сепак односот на вд директорот кон сите вработени е крајно понижувачки и навредлив. Претерана импулсивност, неконтролирано повишување на тонот и навредливи зборови при лична или општа комуникација со вработените се само еден дел од евидентните реакции на СИТЕ вработени.
За жал, вд директорот ваквиот однос кон вработените го манифестира во присуство на ученици и родители, со што, освен што се нарушува ОСНОВНОТО ЧОВЕЧКО ДОСТОИНСТВО на вработените, сериозно е нарушен и АВТОРИТЕТОТ на професорите пред нивните ученици.
2. Филип Фидановски не поседува организациски способности
Имено: Колективот постојано се соочува со КОНТРАДИКТОРНИ изјави, решенија, одлуки, задолженија од страна на вд директорот. Секако, свесни сме дека кој работи и греши, но во случајов се работи за целосна неспособност на Филип Фидановски да воспостави ред во училиштето. Всушност, со неговите постапки сериозно е доведен во прашање организацискиот поредок кој беспрекорно владееше во училиштето пред тој да биде назначен.
3. Филип Фидановски не ги познава законските и правните регулативи на училипштето
Имено: Иако постојано се повикува на закони и правила кои НЕАРТИКУЛИРАНО ги наметнува на колективот, истите тие КОНТИНУИРАНО ГИ ПРЕКРШУВА. Веќе стана секојдневие да се соочуваме со небулозни тврдења дека неговите постапки се според закон, а истите тие подоцна да ги превиди, заобиколи или ПРЕКРШИ кога не се во негов интерес. За ова колективот има соодветен доказен материјал.
4. Филип Фидановски отворено спроведува политичка агенда во училиштето
Иако го почитуваме правото на секој поединец, па и на раководно лице, да биде политички ориентиран и ангажиран, сепак, нашето училиште не е место за политички агенди и до сега, во училиштето не е забележано вакво политизирање на состојбите.
Имено: Откако е назначен за вд, директорот постојано го дели колективот на наши и нивни, очигледно алудрајќи на политичка припадност. За волја на вистината, за овие 77 години од постоење на училиштето, до сега не се случило политичко групирање ниту пак разединување на вработените. Политичка припадност или став и ангажман е право на секој вработен, но досегашнато искуство ни покажа дека политиката немаше место во училиштето, и никогаш не била предмет на разединување. НИКОГАШ!!!
Но, за работите да бидат уште пострашни, дел од вработените се под огромен притисок и ПОСТОЈАНА ЗАКАНА од вд директорот дека како неистомисленици на неговиот политички ангажман и став ќе бидат деградирани како професори, преместени во други училишта…или ПРОГЛАСЕНИ КАКО ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК.
Имено: Се работи за професори и поединци кои никогаш не биле партиски определени или доколку се, никогаш не ја декларирале својата партиска определба. Вистината е дека ние, како колектив, сеуште не знаеме какви се политичките определби на секој вработен од едноставна причина што ТОА НЕ НЕ ИНТЕРЕСИРА!
Сепак, за да биде појасно, веќе станува очигледно дека притисокот врз некои професори не е само од политичка агенда, туку и од личен реваншизам на вд директорот.
Почитувани, сакаме да ви посочиме дека вд директорот го злоупотребува Вашето пријателство…
Имено: Постојано сме сведоци на неговите изјави дека, цитираме: “ништо не ми можете додека Мила е министер…” “нека не скокаат многу, да не се јавам кај Мила”….,,сите ваши дописи до ДПИ ќе ги стопира Мила,,
На овој начин врши притисок и заплашување на вработените, и за да ви биде појасно, кај некои тоа и му успева. ИМАЈТЕ НА УМ дека поголемиот дел од професорите се спротивставија на неговото недомаќинско раководење, но ВЕ УВЕРУВАМЕ дека сите вработени го делат истото мислење изразено во овој допис.
НАПОМЕНА
Иако еден дел од вработените беа на став и мислење дека, доколку му се укаже на грешките, Фидановски можеби ќе може да раководи со училиштето. Сепак, нештата не само што не се променија туку постојано се влошуваат.
Имено: Колективот е во состојба на крајна апатија, со длабоко чувство на гнев но во исто време и чувство на немоќ. Наметнатиот страв од следните чекори на вд директорот, кои патем, слободно можеме да ги окарактеризираме како КРАЈНО НЕАРТИКУЛИРАНИ И НЕПРОМИСЛЕНИ, резултира со ДЕФОКУСИРАЊЕ на најважното во училиштето: НАСТАВАТА И УЧЕНИЦИТЕ! Самите ученици но и родителите веќе гласно реагираат на состојбите во училиштето за што класните раководители постојано го информираат колективот.
Сега, веќе целиот колектив оправдано стравува дека понатамошното раководење на вд директорот ќе предизвика непоправливи последици и штета по училиштето.
АПЕЛ
Почитувана Царовска. Свесни сме дека како министер имате право да назначите вд директор по ваш личен избор. Но, сакаме најискрено да ви укажеме дека во случајот со Филип Фидановски сте направиле голем превид. Веќе не постои сомнение дека, доколку Фидановски остане директор на ДСУЛУД “Лазар Личеноски”, ќе се направи непоправлива штета, не само на училиштето, туку и на самиот Фидановски, бидејќи критиките за неговото НЕдиректорување стануваат се погласни и доаѓаат од сите страни, особено од ликовната фела, а за што искрено сме загрижени дека ќе се одрази на неговата ликовна кариера.
Од друга страна, погрешниот избор за вд директор, како во случајов, ФРЛА СЕРИОЗНА ДАМКА на Вашата работа како министер.
Сепак, НАЈСТАРАШНИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ЌЕ ГИ ПРЕТРПИ НАШЕТО УЧИЛИШТЕ!
Затоа АПЕЛИРАМЕ ДО ВАС:
Заштитете го средно уметничко , заштитете го вд директорот од неговите понатамошни непромислени чекори…СЛУШНЕТЕ ГО ПИСКОТОТ на нашиот колектив:
РАЗРЕШЕТЕ ГО ВЕДНАШ! Назначете кого сакате за директор, САМО НЕ НЕГО.