Џафери: Закажани се избори, не може да се потпишат колективни договори, протестите на универзитетите се за дневни политики

Од:

Правото на протест и штрајк е право на секој граѓанин и за тоа право секоја чест, но сакам да информирам дека по парламентарните избори во 2020 година, УКИМ до Собранието достави барање за колективен договор на датум 11.11.2020 година. Следуваа избори во 2021 година и според Изборен законик се забранува потпишување на колективни договори, кажа техничкиот премиер Талат Џафери на прес конференција.

„На 8 јуни, според постапките и според ЗРО, како основач на Универзитетот, го овластува претседателот на Собранието, а тогаш претседател бев јас. на 16.07.2021 година, со одлука на Генералниот секретар на Собранието, се формираше работна груба од Собраниски службеници, Министерството за одбрана и Труд и социјална политика, за да се разгледа барањето. На работната група се приклучија претставници од Министерството за финансии и претставници на УКИМ. Работната група имаше неколку средби, а два пати учествував и ги водев средбите јас. Тие беа реализирани до 26.12.2022 година. Тие завршија преку посредник преку Законот за посредување, а посредникот го определи МТСП. Беше договорено да завршат средбите со колективен договор и на 29.12.2022 година, јас како претседател на Собранието потпишав колективен договор со УКИМ кој влезе на сила осум дена по објавување на Службен весник, но да почне да се исполнува од 2024 година“, кажа Џафери.

Тој кажа дека УКИМ и Климент Охридски Битола поднесоа барање на 5.5.2023 година, Апостол Павле Охрид на 16.10.2023 година. УГД Штип на 18.10.2023 година, Мајка Тереза Скопје и Тетовски универзитет на 29.12.2023 година.

„Имајќи предвид дека се закажаа изборите, партиските органи ме избраа да бидам премиер кој ќе ја води владата на 100 дена пред изборите. Па така, претседателот на Собранието избран за премиер не успеа да ги заврши формалните процедури за потпишување на договорите. Немаше смисла за 30 дена да се овласти претседателот на Собранието и да се смени овластеното лице. Откако бев избран, за кратко се прогласија изборите, што оневозможува потпишувањето на колективни договори. Затоа, заклучувам дека протести, штрајк во овој контекст и за ова барање се само во функција на дневни политики пред изборите“, додаде Џафери.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Директорот на српската полицијата: „34.300 блокадери се собраа на Славија“

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Огромен десничарски протест во Лондон, се одржа и пропалестински марш

А1он

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители