Пред точно 28 години еден пореметен Германец се обиде да ја убие Моника Селеш на тениски терен

Од:

Пред 28 години на денешен ден се случи нападот што засекогаш го смени светот на тенисот, кога тогашната југословенска тенисерка Моника Селеш беше прободена со нож на 19-годишна возраст од навивач на нејзината голема конкурентка, Германката Штефи Граф.

Инцидентот се случи на 30 април 1993 година за време на четвртфиналниот дуел меѓу Селеш и Магдалена Малеева, кога 39-годишниот Германец Гинтер Пархе скокна од трибините со нож ја Селеш од трибините на турнирот во Хамбург.

Нападот, кој наводно бил мотивиран од симпатиите на Пархе кон Штефи Граф – најголемата ривалка на Селеш, се случи во време кога тенисерката родена во Нови Сад беше на првото место на ВТА листата и имаше вкупно осум освоени грен-слем титули.

Рехабилитацијата траеше две недели, но на Селеш ѝ требаа цели две години за да закрепне од психичките трауми и да се врати на терените. Инцидентот, остави силни последици врз Селеш, која до крајот на кариерата освои уште само една грен-слем титула, триумфирајќи на Австралија опен во 1996 година.

Нејзиниот напаѓач, на кој му беше дијагностицирано психичко нарушување, не беше казнет со затвор, туку му беше одредено двегодишно задолжително лекување.

Би можело да ве интересира

Почина Германецот кој со нож ја нападна Моника Селеш

Барти триумфално ја почна тениската година

Ана Ололовска

Осака за амбициите во 2022 година: Никогаш повеќе да не плачам на прес-конференции

Ана Ололовска

Полуфиналистката на Австралија опен, Мухова, ќе го пропушти турнирот во 2022 година

Ана Ололовска

Ема Радукану избрана за спортска личност на годината на „Би-Би-Си“

А1он

Барти и Осака во јануари се враќаат на тениските терени

А1он