Барти и Осака во јануари се враќаат на тениските терени

Од:

Австралијката Ешли Барти и Јапонката Наоми Осака по подолга пауза ќе се вратат на тениските турнири кои во јануари ќе се играат во Австралија, објавија организаторите во Аделаида и Мелбурн.

dobivaj vesti na viber

Најдобрата светска тенисерка Барти паузира од елиминацијата во третото коло на Ју Ес Опен во септември, но иако предвреме ја заврши годината, Австралијката освои пет турнири, меѓу кои и Вимблдон, а го задржа и лидерското место на ВТА листата. Организаторите во Аделаида го потврдија нејзиното учество на турнирот од 2 до 9 јануари.

Јапонката Осака, која минатата сезона падна на 13 место на ВТА листата по низа психолошки проблеми, ќе учествува на турнирот во Мелбурн од 3 до 9 јануари, кој е подготовка за Австралија Опен (17 јануари). Покрај Осака, која е бранителка на титулата во Австралија Опен, во Мелбурн ќе настапат и победничката на Ју Ес Опен, Ема Радукану и Симона Халеп.

Би можело да ве интересира

Барти триумфално ја почна тениската година

Ана Ололовска

Осака за амбициите во 2022 година: Никогаш повеќе да не плачам на прес-конференции

Ана Ололовска

Полуфиналистката на Австралија опен, Мухова, ќе го пропушти турнирот во 2022 година

Ана Ололовска

Ема Радукану избрана за спортска личност на годината на „Би-Би-Си“

А1он

ВТА ја избра Барти за тенисерка на годината

А1он

Нов видео разговор на МОК со кинеската тенисерка Шуаи

Ана Ололовска