Официјални Лондон и Ерусалим размислуваат да им дозволат на вакцинираните и оздравените лица од коронавирус да патуваат меѓу двете држави, соопштија израелските власти.
Израел и Велика Британија спроведуваат успешна кампања за имунизација.
Британскиот министер Мајкл Гоув допатува во Ерусалим за разгледување на планот, каде оствари средба со шефот на израелската дипломатија Габи Ашкенази.
Во соопштението на израелското Министерство за надворешни работи се наведува дека заедно со Велика Британија ќе работат за унапредување на меѓусебното признавање со цел да им се овозможи на туристите и бизнисмените од двете земји безбедно да патуваат.
Министерството додава дека тоа отвора „можност за создавање зелен коридор за патувања“.