Привремено укинати летовите помеѓу Франција и Бразил

Од:

Француската Влада денеска соопшти дека до 19 април ги откажува летовите помеѓу Бразил и Франција поради бразилската варијанта на коронавирусот.

– Со оглед на здравствената ситуација во Бразил… до 19 април е забрането пристигнувањето на патници од оваа земја на територијатра на Републиката, освен превоз на стока, се наведува во одлуката на француската Влада.

Државниот секретар Клеман Бон денеска изјави дека Франција ја разгледува можноста за враќање на француските државјани од Бразил со посебни или индиректни летови, како и можноста за карантин по доаѓањето во земјат.

Во бразил здравствената состојба од февруари постојано се влошува поради појавата на локален сој на коронавирусот, кој е позаразен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Возач изгубил контрола над автобусот во Бразил – десет мртви, меѓу кои и две деца

А1он

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Бразилски пејач се удави додека снимаше спот