Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Од:

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, изјави дека Франција и Обединетото Кралство „подготвуваат планови за воена интервенција во Украина“ под изговор дека испраќаат војници во мировна мисија.

Скај њуз пренесува дека Захарова предупредила дека таквата интервенција ќе доведе до директен конфликт меѓу Русија и НАТО.

Британската телевизија потсетува дека Франција и Обединетото Кралство се земјите кои ја предводат „Коалицијата на волните“ чии шефови на држави и влади денеска се собираат во Париз за да разговараат за европските планови за потенцијален прекин на огнот во Украина.

Тој план може да вклучи европски трупи во земјата, што Москва го смета за неприфатлива опција.

– Нашата земја е категорично против такво сценарио, кое ризикува директен конфликт меѓу Русија и НАТО, рече Захарова на брифинг со новинарите.

Руската државна новинска агенција Тас ја објави и пораката на Захарова дека Обединетото Кралство сака да предизвика „крвопролевање“ меѓу ЕУ и Русија.

Би можело да ве интересира

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

Франција се подготвува за нов хаос: Сè е затворено, распоредени 70.000 полицајци

Русија изврши масовен напад врз термоелектрана во Украина, запрено е производството на електрична енергија

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Париз: Маж пукаше со автоматска пушка, има мртви и ранети

Москва: Нашата победа е неизбежна

Горан Наумовски

Француската полиција одлучи: Полицискиот час се продолжува до понеделник