Возач изгубил контрола над автобусот во Бразил – десет мртви, меѓу кои и две деца

Од:

Десет лица, меѓу кои две деца, загинаа денеска во сообраќајна несреќа на автобус во југоисточниот дел на Бразил, а 18 повредени се пренесени во болница, соопштија пожарникарите.

Се претпоставува дека возачот на автобусот, во кој се превезувале 45 патници, изгубил контрола над возилото, кое ја преминало заштитната ограда на средината на автопатот пред да се преврти, се објаснува во соопштението на противпожарната служба.

Несреќата се случила синоќа во близина на општината Арагуари во државата Минас Жераис.

Меѓу 18-те лица кои се пренесени во болница, некои се во тешка состојба, велат пожарникарите.

Властите соопштија дека автобусот сообраќал меѓу централната држава Гојас и југоисточниот дел на Сао Паоло.

Во декември, 41 лице загина во автобуска несреќа во истата држава Минас Жераис, што е најголем број на смртни случаи во земјата од 2007 година. Несреќите со фатални последици се вообичаени на патиштата во Бразил, огромна земја со слабо развиена железничка мрежа.

Би можело да ве интересира

Суд во Бразил потврди отказ за работник кој 88 пати беше на боледување

Полицијата уби вооружен напаѓач кој два часа држеше деца како заложници

А1он

(ВИДЕО) Драма во Британија: Авион се запали во воздух, пилотите се катапултираа пред падот

ВИДЕО: Уапсен сериски убиец во Бразил, тврди дека има 80 жртви

(ВИДЕО) Драма кај Кипар: Се преврте ферибот со 270 луѓе

Горан Наумовски

Најмалку 10 лица загинаа во автобуска несреќа во Рио де Жанеиро