Полицијата уби вооружен напаѓач кој два часа држеше деца како заложници

Од:

Бразилската полиција го уби мажот вооружен со нож, кој упадна во предучилишна установа во јужниот град Куритиба и држеше 13 деца како заложници, по повеќе од два часа обиди за преговори, соопштија локалните власти.

Инцидентот се случи вчера попладне во населбата Сао Браз, а мажот беше убиен околу 18:20 часот по локално време, објави Секретаријатот за јавна безбедност на бразилската држава Парана, пренесува бразилскиот портал G1.

Децата беа спасени и, според соопштението на воената полиција, ниту едно од нив не се здоби со сериозни повреди.

Во соопштението се наведува дека мажот истури запаллива течност во просторијата каде што се наоѓаше со децата и имаше намера да ја запали.

Областа околу објектот беше блокирана за време на интервенцијата, а припадници на Баталјонот за специјални полициски операции (BOPE) се обидоа да преговараат со осомничениот.

Во акцијата учествуваше и полициски хеликоптер.

Децата што се наоѓале во другите простории на установата успеале да излезат пред крајот на инцидентот, соопшти воената полиција.

Засега не е познато дали осомничениот беше во некаква роднинска врска со некое од децата што ја посетуваат установата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен сериски убиец во Бразил, тврди дека има 80 жртви

Најмалку 10 лица загинаа во автобуска несреќа во Рио де Жанеиро

30-годишен скопјанец со нож во двор од семејна куќа си го уби својот татко

Горан Наумовски

Србин убиен во Бугарија – неговото тело е пронајдено покрај камион

А1он

Халанд го елиминира Бразил

Горан Наумовски

АХВ на граница запре над 23 тони замрзнато пилешко од Бразил

Горан Наумовски